Чaвушоглу: „Веќе треба да ѝ се стави крај на непромисленоста на Израел“

0
190

„Не можеме да прифатиме толку непромислено да ги напаѓаат нашите свети места, и целиот свет треба да реагира против тоа“, истакна Чавушоглу

(Дубаи – Портал) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во врска со денешниот напад на израелската полиција во „Ал Акса“, истакнувајќи дека веќе треба да ѝ се стави крај на непромисленоста на Израел, рече: „Не можеме да прифатиме толку непромислено да ги напаѓаат нашите свети места, и целиот свет треба да реагира против тоа“, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу оствари средба со месното население во подрачјето на Кадрије во Анталија, истакнувајќи дека во подрачјето живеат луѓе од цела Турција, и дека затоа наликува на мозаик.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека во овој град доаѓаат туристи од различни земји, од кои повеќето се од Германија.

Чавушоглу рече дека разговарал и со неговиот германски колега Хеико Мас, при што станало збор и за последниот напад во „Ал Акса“.

„Веќе треба да се стави крај на непромисленоста на Израел. Не можеме да прифатиме толку непромислено да ги напаѓаат нашите свети места, и целиот свет треба да реагира против тоа“, истакна Чавушоглу, кој рече дека во Турција и во сите места во светот постојат храмови на различни религии.

Чавушоглу истакна дека денес е зголемена агресијата на Израел предизвикана како резултат на охрабрувањето на САД.

„Зборуваме околу тоа, ги следиме. Нема да ги напуштиме нашите свети и национални каузи. Потполно верувајте дека турската надворешна политика, под водство на нашиот претседател [Реџеп Таип Ердоган], ќе ги надмине сите проблеми. Правиме сѐ што можеме“, нагласи Чавушоглу.

Mahir Demişoski