Се вратив бидејќи го сакам овој клуб

0
197

(Дубаи – Портал) Враќањето на францускиот тренер на Бербабе беше многу брза и лесна одлука, со која има задача да ја врати атмосферата во клубот.

Зинедин Зидан се изјасни со зборовите дека се вратил во Реал Мадрид, бидејќи го сака клубот, а претседателот Флорентино Перез е повеќе од задоволен на неговото враќање.

Зидан го збогати Реал Мадрид со три трофеи во Лигата на Шампионите една по една, или вкупно 9 трофеи во сите натпреварувања, а го напушти клубот во Мај минатата година со зборовите дека, така е најдобро за сите.

Како и да е , тој е сега повторно спремен да започне од нула на Сантиаго Бернабе.

Овој ден е многу посебен ден за сите,” рече тој на презентацијата. “Многу сум среќен што се вратив дома. Немам што друго да кажам – “Многу сум среќен и сакам да го вратам клубот таму каде што треба да биде,” изјави Зидан.

“Го напуштив клубот поради промените кои беа потреби на крајот од минатата сезона, за доброто на сите, бидејќи играчите освојаа многу. Се вратив на повикот на претседателот, го сакам и него и овој клуб,” надополни Зидан.

“Ќе дадам се од себе за овој тим да биде се посилен.” – надополни Зидан

Mahir Demişoski