(Дубаи – Портал) Нови налози за приведување на 58 соработници со терористичката организација ФЕТО, кои работеле како полициски службеници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во осум турски области започнати се истовремени операции за приведување на осомничените припадници на терористичката организација ФЕТО“, изјавија извори кои побараа да не бидат именувани.
„Многумина од осомничените припадници, кои претходно беа отпуштени од своите работни места, се приведени во операциите спроведени на одредени адреси“, додаде изворот без да го наведе бројот на лицата.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
Mahir Demişoski










