Турција: Уловена ајкула долга 4 метри, а месото ќе биде поделено на лица заболени од карцином

0
404

(Дубаи – Портал) Колку се спремни Турските рибари, оваа ајкула долга 4 метри е доказ за тоа, а колку се хумани е доволен доказ бидејќи, месото од рибата одлучија да го дадат на лицата кои се заболени од карцином.

Рибарите од бродот Сејхан-3 со помош на мрежите на со голем напор успеаа да ја зграбчат ајкулата тешка 350 килограми, која веќе е изложена во градската рибарница во Мерсин, каде што стана атракција во градот.

Вообичаено е ајкулите да се појавуваат во крајбрежјето во некои периоди од годината, како месец мај па и април, но поради затоплувањето на морето, појавата на ајкулите е се почеста и во месец Март, изјави Аднан Полат – Заменик-претседател на Здружението на рибарите во Мерсин, кој исто така истакна дека месото на ајкулата е многу барано во луксузните медитерански туристички комплекси.

„Ова е првата ајкула што ја фативме оваа година. Нејзиното месо важи за многу корисно во лекувањето на луѓето заболени од карцином. Веќе ни се јавија повеќе такви луѓе и месото бесплатно ќе им го поделиме ним“, рече Полат.

Mahir Demişoski