Абделазиз Бутефлика нема да се кандидира на претседателските избори во Алжир

0
221

(Дубаи – Портал) Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика нема да се натпреварува по петти пат за претседател, објави неговата канцеларија во понеделникот, по една недела протести, повикувајќи на негова оставка.

Од канцеларијата, исто така, објавуваат дека изборите закажани за април ќе бидат одложени и дека Владата наскоро ќе биде реструктуирана.

Илјадници луѓе од сите општествени слоеви речиси секојдневно протестираат против одлуката на 82-годишниот Бутефлика да се кандидираат на овие избори. Демонстрантите бараат заминувањето на политичката елита во која доминираат ветераните од војната за независност против Франција, завршена во 1962 година. Како потсетување Бутефлика владее повеќе од 20 години.

За прв пат беше избран во 1999 година. Алжирците толерираа политички систем што остави малку простор за отпор, како цена за релативен мир и стабилност. Но, мнозинството од младото алжирско население, од кое речиси 70 отсто е помладо од 30 години, сега бара повеќе вработувања, услуги и спречување на широко распространета корупција во земја која е една од најголемите африкански производители на нафта.

Противниците на Бутефлика тврдат дека тој повеќе не е способен да ја води земјата, како причини за неговото влошување на здравјето и недостатокот на реформи за борба против високата невработеност.

Од 2013 година, кога претрпе мозочен удар, тој ретко се појавува во јавноста. Во неделата се вратил од медицинскиот третман во Швајцарија.

Mahir Demişoski