Ердоган: Нема да го уважуваме оној кој не го почитува нашиот езан и нашето знаме

0
234

Претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган им одговори на оние учеснички кои на маршот на жените гласно негодуваа и исвиркуваа за време на езанот од Јација намаз на ново отворената џамија, Џамлиџа.

„Една нација, едно знаме, една татковина, една држава. Ќе бидеме едно, ќе бидеме силни, ќе бидеме динамични, ќе бидеме браќа и сите ќе бидеме Турција“

(Дубаи – Портал) – Претседателот на Република Турција и претседател на Партијата АК, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека никој не може да ја дели неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција никој не може да ја дели, ниту да прави резови на нашата територија“, рече Ердоган во обраќањето на предизборниот митинг во Хакќари, во југоисточниот дел на Турција.

Тој истакна дека во последниве години се отстранети пречките во Турција кои го намалуваа квалитетот на демократскиот живот.

„Една нација, едно знаме, една татковина, една држава. Ќе бидеме едно, ќе бидеме силни, ќе бидеме динамични, ќе бидеме браќа и сите ќе бидеме Турција“, рече Ердоган заедно со присутните на митингот.

„Ние ги слушаме проблемите, желбите, барањата на секој член на ова општество и за сите нив произведуваме решенија“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Турција во претходните 17 години има вложено огромни напори во рамките на борбата против тероризмот.

„Во изминатите 17 години го уништивме системот кој терористичките организации и нивните продолжени раце го користеа за експлоатација и пљачкање. Се боревме не само против тероризмот, туку и против прашањата кои го хранат тероризмот“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Турција нема да ги почитува оние кои не го почитуваат езанот и знамето на Република Турција.

„Кој не го почитува нашиот езан и нашето знаме, нема ниту ние него нема да го уважуваме“, рече Ердоган.

Mahir Demişoski