(Дубаи-Портал) МНР на Турција објави писмено соопштение со сочувство по повод уривањето на патничкиот авион во Етиопија во кој се наоѓаа вкупно 157 лица, од кои 149 патници и 8 членови на екипажот

Турција го изрази своето сочувство до Етиопија по повод трагичната авионска несреќа во оваа земја.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: “Со големо жалење ја дочекавме веста за уривањето на еден патнички авион со своите 157 патници и членови на екипажот утрово кој летал од главниот град на Етиопија Адис Абеба за главниот град на Кенија Најроби. На загинатите во оваа трагична несреќа им посакуваме милост од Аллах, а до блиските на загинатите и братскиот етиопски народ го изразуваме нашето сочувство.”

Патнички авион во сопственост на етиопската авиокомпанија се урна на пат кон главниот град на Кенија.

Во објавеното соопштение од етиопската авиокомпанија беше истакнато дека во  авиониот кој се урнал 6 минути по полетувањето се наоѓале 149 патници и 8 членови на екипажот и дека несреќата се случила во близина на Дебре Зеит на 50 километри јужно од главниот град Адис Абеба.

Државната информативна институција “EBC” соопшти дека немало преживеани од 157 лица колку што се наоѓале вкупно во авионот.

Засега не е позната причината за уривањето на патничкиот авион од типот Боинг 737-8 МАКС.

Mahir Demişoski