Нема преживеани патници во урнатиот Боинг 737

0
260
Фото: ББС

Сите 157 патници и членови на екипажот загинаа по уривањето на авионот Боинг 737 соопштија од авиокомпанијата.„Етиопијан ерлајнс“.

Авионот кој патувал кон Најроби, Кенија, изгубил контакт во 08.44 часот по локално време , само 6 минути по полетувањето од Адис Абеба.

„Главниот извршен директор кој е на местото на несреќата, жали што нема преживеани. Тој изрази длабоко сочувство и сочувство до семејствата и саканите на патниците и екипажот кои ги загубија своите животи во оваа трагична несреќа“ соопштија од „Етиопијан ерлајнс“. Причините за несреќата не се познати.

Еден очевидец на местото на настанот изјави дека имало голем пожар.

“Експлозијата и огнот беа толку силни што не можевме да се приближиме”, рекол сведокот, а пренесува ББС.

Од компанијата Боинг, преку твитер порака напишаа дека “внимателно ја следиме ситуацијата”.

Боингот 737 Max 8 кој се урна денеска е е релативно нов авион. Тој бил произведен во 2016 година, а кон флотата на Етиопијан ерлајнс се приклучил во јули минатата година.

Друг авион на истиот модел се урна пред пет месеци во близина на Индонезија.

Извор:НоваТВ