Турската војска спречи 12 терористички напади со дронови на ЈПГ/ПКК во Турција

by Administrator

Според безбедносни извори, дроновите биле користени од подрачјето источно од реката Еуфрат во Северна Сирија

(Дубаи-Портал) Во рок од 2 недели, Терористичката организација ЈПГ/ПКК направи 12 обиди за напади со дронови врз Турција, на подрачјето источно од реката Еуфрат во Северна Сирија.

Од таму јавуваат дека турската војска ги спречи сите обиди.

Цели на терористичките напади на ЈПГ/ПКК биле турските воени бази кој се сместени во југоисточниот дел на Турција, како и базата во подрачјето на Силови во турската обалст Ширнак, па и подрачјата Ислахије во Газиантеп, Суруч и Биреџик во Шанлиурфа.

Мурат Аслан, од Директоратот за безбедносни студии на фондацијата СЕТА за политички, економски и социјални истражувања од Анкара и дел од Универзитетот „Хасан Калјонџу“ во Газиантеп, за АА изјави дека поради нападите од ЈПГ/ПКК, Турција има право на самоодбрана.

Аслан истакна дека нападите го одразуваат вакуумот на моќ во регионот, а исто така се показатели дека американската војска во регионот не успеала да ги спречи нападите.

„Затоа, Турција може да преземе какви било мерки за запирање на таквите напади“, истакна Аслан.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.

Во моментов САД имаат над 2.000 војници распоредени во Сирија.

Mahir Demişoski

You may also like