(Дубаи-Портал)Турски воени авиони реализираа воздушна операција на областите Зап и Гара во северниот дел на Ирак
Турските вооружени сили (ТВС) реализираа прекугранична воздушна операција против цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак.
На сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер, беше споделена информација во врска со реализираната воздушна операција од страна на турските воени авиони на северот на Ирак.
Според тоа, во операцијата на областите Зап и Гара се уништени цели кои што од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК биле користени како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција.
Mahir Demişoski










