(Дубаи-Портал) Од холандскиот период во оваа земја останаа голем број градби. Денес се користат во различни цели, од ресторани, музеи, па сдо државни канцеларии.
Џамијата „Кут Меутиа“ се истакнува со архитектурата во индонезиската Џакарта. Џамијата без минаре и купола името го доби по Кут Ниак Диен – најголемата хероина на Аче во храбрите битки против холандското колонијално владеење.
Градбата првобитно беше холандски имот пред да биде претворена во џамија. Изградена е во 1912 година, со цел развој на регионалната канцеларија за развој на инфраструктурата во холандскиот колонијален период. Од 1971 година, во неа муслиманите извршуваат молитви.
Оваа историска градба, која се смета за еден од симболите на главниот град, во колонијалниот период е користена како канцеларија на различни фирми.
За да се заштити нејзината структура, откако е претворена во џамија, дополнително не се изградени минариња и купола.
Имамот на џамијата, Амин Мустафа, за АА изјави дека џамијата се наоѓа под заштита на државата.
„Не може да се добие дозвола за да се смени што било на оваа градба, која како џамија се користи 48 години“, појасни Мустафа.
Според неговите зборови, секоја седмица, на петочната молитва (џума намаз) во џамијата се наоѓаат околу 10.000 верници.
„Џамијата „Кут Меутиа“ е втора џамија, по најголемата „Истикал“, во која клањаат најголем број верници“, рече Мустафа.
Од холандскиот период во оваа земја останаа голем број градби. Денес се користат во различни цели, од ресторани, музеи, па сѐ до државни канцеларии.
Индонезија помина долг период на холандски колонијализам кој започна со подрачјата Амбоина и Батавија, на крајот опфаќајки го целиот архипелаг, вклучувајќи ги Тимор и Западна Нова Гвинеја, со прекини и повремено португалско, француско и британско владеење. Индонезија полната независност ја постигна во 1949 година по вооружениот и дипломатски судир со Холандија.
Mahir Demişoski








