(Дубаи-Портал) Обрамбениот играч на Ајакс, Матијас Де Лигт потврди дека е спремен за трансфер во Ливерпул.
Како што се очекува, 19 годишниот ќе биде еден од најбараните играчи во Европа, после феноменалните одиграни натпревари во дресот на Ајакс.
Холандскиот клуб неговата го вреднува 60 милиони фунти, а поврзан е со неколку топ клубови од Европа, вклучувајќи ја Барселона, Баерн, Манчестер Сити и Ливерпул.
Де Лигт заедно со Вирџил ван Дајк играа во дресот на Холандската репрезентација, обрамбениот играч ја поздрави идеата да заиграат повторно и во дресот на Ливерпул.
“Вирџил е играч кој има искуство во топ Лиги, има што да се научи од него. Од голема корист е да се игра покрај него во дресот на репрезентацијата”, рече Де Лајт за Омниспорт.
Mahir Demişoski











