Новинарот кој го најави доаѓањето на Роналдо: Гвардиола и Јувентус се договорија

0
231

Сегашниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, може да го преземе Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.

Поточно, според тврдењата на новинарот Луиџи Џуелпе, човекот кој прв објави дека Кристијано Роналдо од Реал Мадрид ќе се пресели во Јувентус, овој пат тврди дека помеѓу Гвардиола и Јувентус, веќе постои вербален договор за идна соработка.

Според овој договор, менаџерот на Манчестер Сити ќе го води италијанскиот шампион во наредните четири сезони.

Спортскиот директор Јувентус Фабио Паратичи, наводно, е голем обожавател на Гвардиола.

Како тврди Џуелпе, Пеп нема да го преземе Јувентус единствено ако Масимилиано Аллегри ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

Сепак, за тоа на тимот од Торино му е потребно големо чудо, бидејќи против Атлетико Мадрид во Торино мора да го преокренат резултатот 2:0 од првиот натпревар.

Алегри, тренерот на Јувентус, тврди дека тимот нема проблеми, додавајќи дека тоа не е голем неуспех во осмиот финален натпревар во Лигата на шампионите.

Извор:(Vijesti.ba / AA)