
(Дубаи-Портал) Ирачкиот претседател Барам Салих вели дека постои можност дека борците на ИСИЛ ќе бидат казнети со смртна казна
Ирачкиот претседател Барам Салих изјави дека борците на така наречената Исламската држава Ирак и Левант можат да бидат осудени на смрт.
Според него, борците ќе бидат “судени во согласност со ирачките закони и може да бидат осудени на смрт ако се виновни”, објави Ројтерс.
Борците на Исламската држава Ирак и Левант, меѓу другите злосторства осудени се за разни убиства во Ирак, , објави Танјуг.
Вооружената група на одредено време имала контрола над повеќе од петтина од територијата на Ирак.
Предавање на борци
Сириските опозициски сили, кои се бореа против ИСИЛ, На Ирак му предадоа двајца странски борци од таа организација.
Меѓу тие борци претежно се француски државјани, објави агенцијата Ројтерс, цитирајќи неименувани ирачки воени извори.
Во таа група, има 14 француски државјани, изјави за британската агенција за воени извори командантот на силите во близина на границата со Сирија.
Претходно, ирачката армија објави дека повеќе од 280 ирачки борци на ИСИЛ биле предадени на Ирак од Сириските демократски сили – СДФ предводени од Курдите, поддржани од САД.
Како што беше договорено порано, вкупно 502 борци треба да бидат екстрадирани во Ирак.
Mahir Demişoski








