Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, на прес-конференцијата во Пекинг вчера изјави дека Кина и Русија имаат голема меѓународна одговорност и дека додека Москва и Пекинг се држат заедно, светот ќе биде побезбеден и постабилен.
“Во сферата на меѓународните односи, Кина и Русија, како големи држави и постојани членки на Советот за безбедност на ОН, носат голема одговорност”, изјавил Ванг Ји, пренесува агенцијата Ксинхуа.
“Нашите земји одржуваат постојана комуникација во повеќето од главните меѓународни проблеми и нашите ставови се исти или слични. Ние имаме намера да ја консолидираме стратегиската координација за оваа година, придржувајќи се кон принципите и целите на Повелбата на ОН.
Додека Кина и Русија се држат заедно, светот ќе биде побезбеден, помирен и постабилен “, заклучил шефот на кинеската дипломатија










