Учесниците во собирот вкупно на 4 јазика, турски, албански, македонски и босански, ја испратија следната порака: „Ќе бидеме на нозе сè додека и последното дете и последната жена не бидат ослободени од сириските зандани“.
(Дубаи-Портал) Движењето на совеста, по повод 8 Mарт, Меѓународниот ден на жената, во Скопје одржа собир за поддршка на жените и децата што се наоѓаат во затворите во Сирија, и побара нивно ослобoдување, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците во собирот, по петочната молитва, пред Мурат-пашината џамија во Старата скопска чаршија, носеа транспаренти со пораките „Слобода за жените затвореници“, „Занданите да се уништат, да победи човештвото“.
Учесниците во собирот вкупно на 4 јазика, турски, албански, македонски и босански, ја испратија следната порака: „Ќе бидеме на нозе сè додека и последното дете и последната жена не бидат ослободени од сириските зандани“.
Зехра Кавак, член на здружението Движење на совеста од Турција, истакна дека минатата година 10.000 жени од различни земји во светот, почнувајќи од Истанбул, стигнале до границата на Сирија, а таму протестирале со молк.
„Во Хатај протестираа со молк и нивниот глас допре до целиот свет. 10.000 илјади жени што се сретнаа минатата година во Хатај, денес се вратија во своите домови и сега по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, во 110 земји во светот, на своите плоштади протестираа против злосторството врз сириските жени и деца во затворите, и подземните затвори на Сирија. Ние како луѓе со совест, како луѓе што не можеме да бидеме бесчувствителни, тука сме за да го истакнеме тоа што се случува во занданите на Сирија, каде што се затворени 7.000 жени и деца, меѓу кои има и деца помали од 9 години“, нагласи Кавак.
Мерсиха Смаиловиќ, активист за човекови права, која присуствуваше на собирот, рече дека на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, повикува на ослободување на жените коишто се наоѓаат во затворите во Сирија.
„Ние бараме нивно итно ослободување, посебно жените и децата, коишто се најранлива категорија, да бидат ослободени што побргу и за колку што е можно најкратко време“, истакна Смаиловиќ.
Хусније Емин истакна дека минатата година учествувале во конвојот на Движењето на совеста и дека тука се собрале да бидат гласот на жените и децата кои се малтретирани во Сирија.
„Во поновата историја на Балканот и ние тука доживеавме слични настани, во војните на Косово и Босна. Ние, и целиот свет, сега во моментот со големо жалење гледаме на настаните. Ние од тука повикуваме, во иднина да не жалиме за злосторствата во Сирија. Сега го засилуваме нашиот глас за тие да бидат ослободени. Светот треба да каже доста на тоа дека не виделе, не слушнале и дека не се зборувало“, истакна Емин.
Mahir Demişoski








