(Дубаи-Портал)Во првите средби од осминафиналето на Лига Европа, Рен го совлада Арсенал со 3 : 1, Франкфурт одигра нерешено 0 : 0 со Интер, додека Челзи и Наполи извојуваа убедливи победи од 3 : 0 против Динамо Киев и Салцбург
Синоќа се одиграа првите натпревари од осминафиналето на УЕФА Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на осминафиналето на УЕФА Лига Европа, синоќа се одиграа 8 натпревари.
Рен како домаќин го совлада Арсенал со 3 : 1, Ајнтрахт Франкфурт одигра нерешено 0 : 0 со Интер, додека Челзи и Наполи извојуваа убедливи победи од 3 : 0 против Динамо Киев и Салцбург.
Кој ќе се пласира во четвртфиналето на УЕФА Лига Европа ќе се знае по реванш-средбите закажани за 14 март.
Резултати од синоќешните натпревари:
Севиља – Славија Прага 2 : 2
Динамо Загреб – Бенфика 1 : 0
Ајнтрахт Франкфурт – Интер 0 : 0
Зенит – Виљареал 1 : 3
Рен – Арсенал 3 : 1
Челзи – Динамо Киев 3 : 0
Наполи – Салцбург 3 : 0
Валенсија – Краснодар 2 : 1
Mahir Demişoski










