(Дубаи-Портал)Во САД, повеќе од 50 новинари што ги следеа на границата имигрантите од Средна Америка и активистите што ги бранеа правата на имигрантите изложени се на строг надзор на граничните служби
Во САД обелоденето е дека повеќе од 50 новинари што на границата ги следеа имигрантите од Средна Америка и активистите што ги бранеа правата на имигрантите се следени од Одделот за домашна безбедност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите во американскиот печат, новинарите што подготвуваат вести за мигрантите од Централна Америка кои патуваат за САД и активистите што се залагале за правата на имигрантите собирале разузнавачки податоци.
Во веста се соопштува дека со создадената тајна база на податоци повеќе од 50 новинари и активисти кои ги бранат правата на имигрантите се следени, а исто така се изложени и на строг надзор на граничните служби.
Илјадници имигранти, повеќето од централно-американските земји, во последните месеци од минатата година, се придружија на „мигрантскиот караван“ за да стигнат преку Мексико до Америка.
Mahir Demişoski









