Земјотрес со јачина од 5,3 степени во Индонезија

0
226

Според првични информации, во земјотресот нема загинати или повредени, додека по потресот не беше издадено предупредување за цунами

Во провинцијата Папуа во Индонезија евидентиран земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер.

Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ), соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на 71 километар североисточно од областа Јалимо во провинцијата Папуа, на длабочина од 10 километри од површината на земјата.

Според првични информации, во земјотресот нема загинати или повредени.

По потресот не беше издадено предупредување за цунами.

Во цунамито што се појави по земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтер во заливот Палу на островот Сулавеси, во Индонезија, на 28 септември 2018 година животот го загубија 4.340 лица.