Најскапиот автомобил во историјата на луксузните спортски модели на „Бугати“ („Bugatti“) е продаден за 16,7 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Kupe Voiture Noire (Црн автомобил) е ниско спортско возило со 16-цилиндричен мотор, единствен во автомобилскиот свет со конфор на луксузна лимузина.
Компанијата „Бугати“ овој модел го претстави неделава, на Саемот на автомобили во Женева, а денеска објави дека е продаден по рекордна цена за нови автомобили.
Идентитетот на купецот не е откриен, но јасно е дека оваа продажба дополнително ќе го поправи имиџот на „Бугати“ како произведувач на луксузни автомобили.
„Вистински облик на индивидуалност“, рече Стефан Винкелман, претседателот на „Бугати“, компанијата која е во сопственост на групацијата „Волксваген“ („Volkswagen Group“).









