(Дубаи-Портал) “Ние нема да го прашаме Вашингтон од кого и каков вид оружје ќе купиме”, рече Бахчели, претседател на Партијата на националното движење.
Претседателот на Партијата на турското национално движење (МХП) , изјави за противењето на САД на одлуката на Турција да го купи рускиот систем за воздушна одбрана на С-400, рече дека Турција нема да побара од САД дозвола за купување на оружје.
По долготрајните неуспешни напори за купување на систем за ракетна одбрана од САД, Турција одлучи во 2017 година да го купи системот за воздушна одбрана на С-400 од Русија.
“Ние не сме колонијална земја”
“Наметнувањето на САД, уцените и постојаните закани со наметнување санкции за купување на противвоздушен систем за одбрана на S-400 ја тестира нашата национална трпеливост. Турција не е колонијална земја, ниту е американски сателит или слуга, нема да бараме од САД од кого и каков вид на оружје ќе купиме” рече Бахчели.
Американските претставници не се согласуваат околу одлуката на Турција да го купи S-400 системот и се сомневаат во испораката на Ф-35, која Турција сака да ја купи од САД.
Американски официјални лица веруваат дека руските S-400 ќе претставуваат закана за нивните борбени авиони.
Mahir Demişoski









