(Дубаи-Портал)Карла дел Понте одлучи да го напушти оваа тело, а причина за тоа е незадоволството од работата на истражната комисија на ОН за Сирија.
Поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, има намера да поднесе оставка во истражната комисија на ОН во Сирија, која никогаш не постигнала ништо, изјави таа во разговорот за швајцарскиот Блик.
Дел Понте истакна дека ” ужасните злосторства извршени во Сирија не биле видени во Руанда, ниту на територијата на поранешна Југославија”.
“Јас сум фрустрирана, во наредниве неколку дена ќе поднесам оставка”, рече таа во разговорот.
“Сега сите во Сирија се на страната на злото, на почетокот ги имаше и добри и лоши, а опозицијата беше на страната на доброто, владата беше на страната на злото, а сега сите се во Сирија на страната на злото: полкот на Асад изврши ужасни злосторства против човештвото и користеше хемиско оружје, а опозицијата е составена од екстремисти и терористи “, рече Дел Понте.
Таа рече дека во Сирија “нема училишта или институции”.
“И верувајте ми: толку страшни злосторства како во Сирија, не сум видела ниту во Руанда ниту во поранешна Југославија”, рече таа.
Дел Понте беше назначена за обвинител на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија.
“Јас повеќе не можам да останам во комисија која не прави апсолутно ништо”, објасни Дел Понте и ги обвини членовите на Советот за безбедност дека не сакаат да продолжат да ја спроведуваат правдата.
Таа ги обвини членовите на Советот за безбедност на ОН за не почитување на правдата. “Додека судењето за злосторства во Сирија не биде воспоставено, сите извештаи се сосема бескорисни”, рече таа.
“Мислевме дека меѓународната заедница научи нешто од Руанда, но не, тие не научија ништо”, заклучи Дел Понте.
Во конфликтот во Сирија, повеќе од 330.000 луѓе се убиени од март 2011 година, а повеќе од еден милион беа раселени и избегнати.
Mahir Demişoski










