(Дубаи-Портал)Турција нема да дозволи контролата врз планираната безбедносна зона во северна Сирија да биде оставена на некој друг, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој за телевизијата “Канал 24” рече дека ако САД не можат да го вратат оружјето што го дале на курдската милиција во Сирија, тогаш ќе го дадат на Турција.
Ердоган исто така напомена дека никогаш нема да се откаже од својот договор со Русија во врска со купувањето на ракетен систем С-400.
Тој додаде дека Турција размислува за купување и “S- 500” систем од Русија по договорот за испорака “S-400”.
Вашингтон претходно предупреди дека купувањето на S-400 од Русија би можело да ги загрози воените договори меѓу САД и Турција.
Ердоган ги повика САД да не се обидуваат да ја дисциплинираат Турција со трговските мерки, бидејќи Анкара има веќе подготвени свои мерки.
Mahir Demişoski








