Портпаролот на СВР Охрид м-р Димоски и Др.Милошески за Дубаи Портал со подетални информации за несреќата во Струга
Во близина на средното училиште ,,Нико Нестор”, се случи сообраќајна несреќа, во која две ученички додека преминувале на спротивната страна од патот од Маркетот Кам кон Средното училиште ,,Нико Нестор”, беа удрени од автомобил.
(Дубаи-Портал)
На петти март оваа година, околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ во Струга, патничко возило „Опел Вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта. Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга, изјави м-р Стефан Димоски, Портпаролот на СВР Охрид
Вчера за Дубаи-Портал др. Митре Милошески се огласи во врска со несреќата.
”Двете ученички вчера околу 17 часот беа примени болницата Св.Еразмо – Охрид. Надвор од животна опасност, со полесни телесни повреди, додека кај едната девојка констатирани се скршеници на забите и болови на десниот зглоб.
Едната девојка е испратена дома истиот ден, а додека другата девојка, денес околу 16 часот исто така е испратена на домашно лекување”, изјави Др.Милошески за Дубаи Портал.
Mahir Demişoski
