(Дубаи-Портал) Крај на натпреварот во Париз, кој во последните минути од натпреварот го спречи ПСЖ од пласман во следната рунда од натпреварувањето.
Со добриот старт на Манчестер Јунајтед, преку доминацијата на Ромелу Лукаку со постигнување на двата гола, можевме да видеме дека се спремни да дадат се од себе и направат пресврт на резултатот и пласираат понатаму, но како што времето наближуваше кон крајот на натпреварот, резултатот беше во корист на Парижаните, се до 91-та минута кога преку пенал, Манчестер Јунајтед стигна до погодок после изведувањето на пеналот за кој Маркус Рашфорд беше задолжен.
Натпревар кој долго ќе го памтетат навијачите и на едниот, и на другиот тим, а најмногу ќе го памети голманот Џанлуиџи Буфон кој не успеа со Парижаните да дојде до првата титула во Лигата на Шампионите. Тој пред самиот наптревар изјави дека наскоро можен е нов договор со тимот, но после овој историски пораз можно е да дојде до промена на плановите.
Стрелци на головите на натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед се:
- 2′ Ромелу Лукаку
- 12′ Хуан Бернат
- 30′ Ромелу Лукаку
- 92′ Маркус Рашфорд
Во Лисабон, Порто на сличен начин дојде до пласман понатака преку пенал во 116-тата минута преку Алес Телес, за водство од 4:3.
Римјаните исто како и Парижаните вечеров одиграа натпревари со кои нема да можат да се помират, дека ги изгубиле на таков начин.
Стрелци на головите на натпреварот помеѓу Порто и Рома се:
- 26′ Тикињо Соарес
- 37′ Даниеле де Роси
- 52′ Муса Марега
- 116′ Алекс Телес
Mahir Demişoski










