(Дубаи-Портал) Денес министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески изјави дека, државата наскоро ќе биде надлежна за плажите во Струга и Охрид. Тој исто така надополни дека за една недела во Собрание настапува законот за градежно земјиште.
Оваа реакција на министерот доаѓа по скандалозното бетонирање на струшкото крајбрежје, како и палењето на трските на дел од Охридското езеро.

„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат, државата смета дека на подобар начин тоа може да го направи. Пратенички прашања беа поставени во четвртокот, во делот во надлежност на животната средина и дел во рамки на министерство за транспорт и врски. Државниот градежен инспектор во неколку наврати има извршено контрола во делот на министерството за транспорт и врски, каде се извршени вонредни надзори и се донесени одредени решенија. Трската и депониите се во надлежност на министерството за животна средина. Дел од мерките кои ги презема Владата е предлагање закон за одземање на надлежности во делот на крајбрежјето и плажите. Со тоа централната власт ќе управува со плажите“, рече Сугарески.

Mahir Demişoski