Според проценките на експертите, по период од 15 години популацијата на Русија се очекува да се состои од 30 отсто муслимани
Претседателот на Советот на муфтиите на Русија Равил Гајнутдин рече дека по период од 15 години, 30 отсто од популацијата на Русија ќе се состои од муслимани.
Во говорот на една конференција во Москва, Гајнутдин рече дека со порастот на бројот на Русите кои ќе го прифатат исламот, муслиманскиот фактор ќе се стекне со поголема и позначајна улога.
Секој изминат ден се повеќе расте бројот на муслиманите во Русија, рече Гајнутдин посочувајќи дека според проценките на експертите, по период од 15 години популацијата на Русија се очекува да се состои од 30 отсто муслимани.
Само лани, бројот на муслиманите кои за празникот Курбан Бајрам ги посетија џамиите во Москва и околината зинесуваше некаде околу 320 илјади, рече Гајнутдин потенцирајќи дека тоа беше рекорд.
Бројот на лицата кои ги посетија џамиите претставува јасен показател за зголемениот број на муслиманите во земјата, рече Гајнутдин и додаде дека секоја година расте бројот на лицата кои го клањаат Бајрамскиот намаз.
Затоа се налага неминовна потреба за изградба на десетици нови џамии во Русија согласно културната и едукативната структура на големите градови, беше дециден Гајнутдин во својот говор.









