Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, одговори на прашањето околу предупредувањата за патување во Турција објавени во германските медиуми
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, во врска со неточните вести во некои германски медиуми околу третирањата на кои можат да бидат изложени Германците кои патуваат во Турција, рече: „Без сомнение дека вестите за кои станува збор не ја одразуваат вистината. Како што било секогаш, Турција ќе продолжи да ги пречекува туристите кои доаѓаат од Германија и сите други земји со традиционалното турско гостопримство“.
Аксој писмено одговори на прашањето околу предупредувањата за патување во Турција објавени во германските медиуми.
Тој нагласи дека во некои германски медиуми биле забележани неточни вести во врска со третирањето на кое можат да бидат изложени Германците кои патуваат во Турција.
„Без сомнение дека вестите за кои станува збор не ја одразуваат вистината. Јасно е дека изјавите на нашиот почитуван министер за внатрешни работи во рамки на борбата против тероризмот намерно се искривуваат. Како што било секогаш, Турција ќе продолжи да ги пречекува туристите кои доаѓаат од Германија и сите други земји со традиционалното турско гостопримство“, додаде Аксој, портпаролот на турското Министерство за надворешни работи. Anadolu Agency (AA)








