Три “експлозивни пакети” биле пронајдени на Лондонските аеродроми Хитроу и Лондон Сити и во станицата на подземната железница Ватерло.
Според ББС, британската полиција за контратероризам излегла на терен и прегледала три пакети со експлозив.
Според првите информации, станува збор за импровизирани експлозивни направи испратени во мали пакети биле испратени во зградите во Хитроу, Лондон Сити и Ватерло.
Експлозивни направи беа испратени во коверти од А4 формат, според најновите информации што ги пренесува Independent, се испитува таканаречената “ирска врска”.
На ковертите имало Ирски марки, а британската полиција официјално побара помош во истрагата од ирската полиција. Полицијата брзо објави дека сите експлозивни направи биле прегледани, додавајќи дека при отварањето еден уред се запалил, но никој не бил повреден.
Командата за противтероризам @metpoliceuk спровела истрага откако три осомничени пакети биле пронајдени на локации во Лондон.
Полицијата, исто така, изјави дека се чини дека постои врска помеѓу трите уреди. Освен тоа, британската полиција ја предупреди службата на метрото во Лондон да биде внимателна.









