Пентагон: Lockheed Martin започнува со производство на системот THAAD за Саудиска Арабија

0
212

Одделот за одбрана на САД изјави дека на компанијата Локхид Мартин доделена и работа во вредност од една милијарда долари за да го произведе напредниот систем за одбрана THAAD за потребите на Саудиска Арабија, јави агенцијата Анадолу (АА).

Во извештајот на Пентагон, точната вредност на потпишаниот договор за Саудиска Арабија изнесува 945.900.000 долари.

Според договорот, Lackheed веднаш ќе почне да произведува основни елементи на системот за одбрана на THAAD.

Договорот предвидува дека компанијата произведува опрема за тестирање, како и да обезбеди обука за луѓето кои ќе го користат системот.

Во ноември минатата година американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор вреден 15 милијарди долари за продажба на Саудиска Арабија со вкупно 44 лансирни рампи ТАААД и комплетна помошна опрема.

Официјално, Вашингтон и Ријад за продажба на системот ТААД започнаа преговори на крајот на 2016 година