Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 63-годишниот Д.О. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– На втори октомври минатата година во Струга, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле предмети со остатоци од кокаин, информираат од МВР. (Крај)
извор:Охридпресс/МВР фото: архива










