(Дубаи-Портал)Гери Невил денес и изјави дека шансите Ливерпул да ја освои титулата во Премиер лигата, сеуште ги имаат, но само ако се откажат од Лигата на шампионите.
”Знам дека ова ќе звучи чудно, но испаднете од Лигата на шампионите. Знам дека не можеш да излезеш на терен со мисла да бидеш елиминиран, но навистина мислам дека на Ливерпул би му одело во прилог да си го прочисти распоредот”.
”Така целиот ќе биде поодморен и поподготвен за завршницата на сезоната, а Сити го очекуваат и неколку потенцијални натпревари во ФА купот. Ливерпул би можел да го искористи ова за да направи предност од 4-5 бодови, нешто што ривалот тешко би го достигнал. Вака шансите остануваат 50-50”, – вели Невил.
По 29 рунди во Премиер лигата, Манчестер Сити има бод предност од Ливерпул, а и двете екипи се дел од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Mahir Demişoski
