Активистката Каролин Хамо: „ЈПГ во Сирија убива и Сиријци христијани“

0
188

Aктивистката Каролин Енвиа Хамо, која живее во Шведска, нагласи дека вистинското лице на терористичката организација ЈПГ/ПКК не го гледа ни Шведска, ниту пак, светот

Сириската активистка Каролин Енвиа Хамо, која живее во Шведска, истакна дека терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија убива Асирци (христијански Сиријци), но новинарите, писателите, активистите и политичарите не го гледаат тоа, туку напротив, ја рекламираат терористичката организација.

Сириската активистка Хамо, за државната телевизија на Шведска, СВТ, нагласи дека вистинското лице на терористичката организација ЈПГ/ПКК не го гледа ни Шведска, ниту пак, светот.

Таа, истакнувајќи дека ЈПГ/ПКК убива по своја волја и го конфискува имотот и стоката на Асирците (христијански Сиријци), нагласи: „ЈПГ ги убива Асирците, поголемиот број новинари, активисти се слепи и глуви на фактите, не ја гледаат позадината на настаните. Сирискиот лидер Давид Јендо, кој го преиспитуваше методот на ЈПГ како и многу други наши луѓе, беше убиен, други пак, беа киднапирани и изложени на тортура.“

„За жал, во шведските медиуми не можете да прочитате за убиството на Асирците од страна на ЈПГ, како и за нивните упади во училиштата“, рече Хамо, потсетувајќи дека сириските училишта не го прифатиле образовниот систем на курдски јазик и затоа во август биле нападнати од страна на ЈПГ/ПКК.

– „ЈПГ ја менува демографската структура на регионот“ –

Хамо нагласи дека меѓународните организации имаат различни извештаи за тоа дека ЈПГ/ПКК ја менува демографската структура на регионот.

Што се однесува до извештајот објавен од Европската сириска конфедерација за тоа како Сиријците живеат под ЈПГ/ПКК истакна:

„Многу познати напади врз Асирците беа обелоденети. За жал, голем број шведски полтичари и новинари не ги видоа извештаите. Врз нив влијаеше лажната магија на тие што ја прават рекламата на ЈПГ. Потребни се искрени и свесни политичари и новинари кои ситуацијата во Сирија ќе ја разберат во вистинска смисла на зборот. Како Асирец од Шведска, очекувам шведските политичари да ја осудат терористичката ЈПГ. “ Anadolu Agency (AA)