Турција: Процесирани над половина милион осомничени за поврзаност со терористичката ФЕТО

0
171

Заменик-министерот за внатрешни работи на Турција истакна дека од 15 јули 2016 година се водат детални истраги за елементите на терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за воен удар во земјата.

Заменик-министерот за внатрешни работи на Турција и портпарол на Министерството, Исмаил Чатакли, соопшти дека турските институции спровеле истрага за 511.646 лица кои се осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО.

Чатакли на редовниот месечен брифинг истакна дека од 15 јули 2016 година се водат детални истраги за елементите на терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за воен удар во земјата.

„Во притвор и понатаму се наоѓаат 30.709 осомничени“, наведе Чатакли.

Тој рече дека со истрагата се откриени и нови 4.676 корисници на апликацијата „Бајлок“ (Bylock), која терористичката организација ФЕТО ја користеше за тајна комуникација меѓу членството.

„Досега се откриени вкупно 95.310 корисници на „Бајлок“. Процесуирани се 79.337 такви лица“, рече Чатакли.

Терористичката организација ФЕТО е предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), а неговото испорачување Турција формално го бараше од САД. Тој е одговорен за крвавиот обид за пуч во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година.

Припадниците на оваа терористичка организација со години преку местење на испити напредувале во службата, и на таков начин се инфилтрирале во државните институции. Потоа, првин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО во правосудството на Турција низ наместени процеси за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.

Неколку години подоцна уследи крвав обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицери во турската Армија лојални на таа терористичка организација започнаа пуч.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна, а за тоа во повеќе наврати е укажувано од турските официјални лица.

За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени. Anadolu Agency (AA).