Сирија: 80.000 ученици не можат да се школуваат, поради режимските напади во Идлиб

0
160

(Дубаи-Портал)Како резултат на постојаните напади на режимот на Башар ал Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, во зоната без судири во Идлиб, 334 училишта останаа без своите дечиња.

Мустафа Хаџ Али, портпаролот на Директоратот за образование на Идлиб, во изјавата за АА истакна дека поради нападите на режимот на Башар ал Асад училиштата во Идлиб привремено се затворени.

Во 334 училишта од јужниот дел на Идлиб, поради постојаните напади, прекината е наставата која ја следеа 80.000 ученици, надополн Хаџ Али

„Во областите Хан Шејхун, Маратинуман и Серакиб, каде што режимот на Асад продолжува со варварските напади, наставата е прекината. Поради тие напади во некои населби наставата е прекината за 10 дена, во другите области за 1 месец. Досега како резултат на нападите 7 ученици го загубија својот живот, а 40 ученици се повредени“, рече Али.

Во неколку области училиштата се веќе делумно оштетени.

Ученикот од петто одделение, Фирас Абаз, кој заедно со семејството ја напуштил областа Хан Шејхун и се сместил во камповите на границата со Турција истакна: „Веќе не можеме да одиме на училиште. Избегавме од нападите. Тетратките, чантите и моливот ги оставивме во своите домови.“

Во продолженије ви ја проследуваме изјавата на ученикот од петто одделение, Фирас Абаз:„Веќе не можеме да одиме на училиште. Избегавме од нападите. Нашиот школски прибор, тетратките, чантите и моливот ги оставивме во своите домови.“

Како и изјавата на Мухамед Тахсин, ученик од седмо одделение:„Не можеме да одиме на училиште. Затоа што постојано нè напаѓаат. Сите емигрираа. Еден мој другар загина при нападите.“

Режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран, прекршувајќи го договорот од Сочи, од почетокот на оваа година, во воздушните напади во Зоната за намалување на тензиите во Идлиб усмртија најмалку 105 цивили, а ранети се повеќе од 300 лица. Од почетокот на Договорот за прекин на огнот во Идлиб меѓу Турција и Русија до денес повеќе од 25.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.

Mahir Demişoski