Авганистан ќе донира милион долари за Палестинците

0
201

Авганистанскиот амбасадор во Турција, денес ја предал донацијата на комесарот на ОН за помош и работи (UNRWA), Пјер Крахенбулху на церемонијата која се оддржа во Истанбул, пренесе Бета.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, му честиташе на Авганистан и изјави дека, и покрај тешкотиите со кои се соочува авганистанскиот народ, земјата “со својот благороден чин го даде најдобриот пример за меѓународното братство”.

Чавушоглу додаде дека потребни се уште средства за UNRWA и вети зголемување на турската помош за Палестинците.

Минатото лето, американската влада го намали износот кој го дава на UNRWA.

Извор:(Vijesti.ba)