Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во градот Орду истакна дека оние кои го расипуваат спокојството на народот немаат право на живот во Турција
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа во градот Орду ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот.
“Оние кои го расипуваат спокојството на мојот народ немаат право на живот во оваа земја.” – рече Ердоган.
Велејќи дека иднината на Турција исто како и иднината на регионот зависи од решавањето на сириското прашање, претседателот Ердоган го изјави следното: “Ние со наши напори го фрламе секој вид чекор. Во овој регион не може да се донесе одлука без да се праша за тоа Турција. Доколку не ги решиме сириското прашање на начин со кој што ќе се воспостави нашата погранична безбедност не можеме да бидеме спокојни ниту ние, ниту Европската унија (ЕУ). Видовме дека решението би можело да се постигне само со воспоставување на безбедноста и спокојството од наша сопствена страна во областите во нашите граници. Затоа ние сме одлучни да го исчистиме истокот на Еуфрат од терористите.”









