Акар: „Ќе го победиме тероризмот во земјата и надвор од неа“

0
164
„Терористите во земјата во поголем дел се неутрализирани“, изјави Акар за групата ветерани и семејства на шехиди во источната област Агри.

АГРИ (АА) – Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Турција ќе го победи тероризмот во земјата и странство, јавува Anadolu Agency (AA)

„Терористите во земјата во поголем дел се неутрализирани“, изјави Акар за групата ветерани и семејства на шехиди во источната област Агри.

„Нема да дозволиме никаков терористички коридор во Северна Сирија“, изјави Акар, осврнувајќи се на ЈПГ/ПКК, за која Турција вети дека ќе покрене операција.

„Целиот свет го знае тоа“, рече Акар, додавајќи дека во тој коридор мора да има турски војници за безбедноста на нацијата.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската вооружена кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.