Сиријка се присетува на ужасот кој го доживеала во затворот на режимот на Асад

0
255
„Всушнот, не постоеше јасна причина за моето апсење. Тие тврдеа дека ме уапсија бидејќи сум била дел од семејство кое се спротиставувало на режимот во Сирија“, изјави Фатима Тлас, сиријка која беше затворена од страна на сирискиот режим.

АНКАРА (АА) – Сиријка која претходно беше затворена од страна на сирискиот режим се надева дека ќе ја подигне свеста во врска со незгодите на оние кои сеуште се наоѓаат во нивните затвори, раскажувајќи за прекршувањата на човековите права и злоупотребата на која била изложена таму.

Во разговор за Anadolu Agency (AA) Фатима Тлас се присети на нејзиното апсење и тортурата која ја преживеала за време на нејзините 60 дена поминати во затвор.

Таа била уапсена во април 2013 година на контролен пункт на режимот, додека патувала за Јордан да ја посети нејзината мајка.

„Бев на пат со моите три деца, кога бев уапсена“, изјави таа.

„Ги молев (режимските војници) да не ги земаат моите деца со мене кога ме уапсија. Ги оставив децата позади возачот, кој ги однесе кај мајка ми“, рече Фатима.

Сиријката Фатима била донесена во воен затвор во градот Ас-Сувајда лоциран во северозападниот дел на Сирија во близина на границата со Јордан.

„Всушнот, не постоеше јасна причина за моето апсење. Тие тврдеа дека ме уапсија бидејќи сум била дел од семејство кое се спротиставувало на режимот во Сирија“, изјави таа.

Фатима рече дека нејзиниот татко и брат биле убиени во 2012 година поради спротиставување на режимот.

„Моето единствено злосторство беше тоа што бев член од тоа семејство“, додаде таа.

– Услови во затвор –

Фатима рече дека за време на нејзиното време во затвор, таа ја делела својата ќелија со околу 50 луѓе.

„Тие како дел од дневната рутина ќе дојдеа во нашата ќелија да не земат и да не тепаат и малтретираат“, изјави Фатима.

„Тие ни дозволуваа само на кратко да одиме во тоалет, еднаш во текот на денот. По кратко време, ние бевме принудени да се враитме во ќелијата без разлика дали сме ги извршиле нашите потреби или не“, истакна Фатима.

Додека била во ќелијата, таа редовно ги слушала затворските чувари како ги малтретирале машките затворениците во раните утрински часови.

„Ги слушавме чуварите како зборуваа меѓусебно и велеа ‘Овој е готов. Мртов е’, и како телата ги ставаа во возила и ги носеа некаде.Го слушавме звукот на тортурата и разговорите меѓу чуварите секој ден. Кога влегов во затворот, никогаш не помислив дека ќе излезам од таму“, раскажа Фатима.

Изјави дека еден ден чуварите во затворот и рекле дека таа може да биде ослободена како дел од размена на затвореник.

„Еден ден, ме однесоа и ме фрлија од автомобилот некаде на улицата, без да ми дадат документ што би можел да докаже дека сум ослободена без обвиненија“, рече таа.

Поради стравот од тоа да не биде повторно уапсена, Фатима била принудена да ја напушти земјата и да замине во куќата кај нејзината мајка во Јордан. Таа подоцна заминала во Турција.

– Повик до меѓународната заедница –

Зборувајќи за стравот кој го чувствувалаа дека нема да биде споена повторно со нејзиното семејство и психолошката и физичка тортура која ја преживеала за време на нејзиното притворање, Тлас ја повика меѓународната зедница да ги спаси оние кои продолжиле да живеат во тој пекол.

„Барам од меѓународната заедница да ја послуша нивната совест“, изјави таа.

Нагласувајќи дека жените и децата биле уапсени и притворени во затворите без никаква легална причина, Фатима ги повика оние кои се одговорни да дејствуваат за нивно итно ослободување.

„Ја повикувам меѓународната заедница да преземе акција за обезбедување на слобода на децата и жените кои се наоѓаат во тие затвори со години“, изјави Фатима.

Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.

Според бројките на Обединетите нации, стотици илјади цивили се убиени или раселени воконфликтот, воглавно во режимските воздушни напади во областите под контрола на опозицијата.