Турција: Во обид за преминување во Грција фатени 24 мигранти

by Administrator
Во текот на контрола на едно возило пронајдени се непријавени мигранти од Централноафриканската Република, Авганистан, Конго и Того.

ЧАНАККАЛЕ (AA) – Во Чанаккале, во Турција, фатени се 24 непријавени мигранти кои се подготвувале илегално да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).

Полциските екипи во текот на редовните контроли, со цел спречување илегални премминувања од Турција во Грција, фатија непријавени мигранти кои се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос.

Во текот на контрола на едно возило пронајдени се непријавени мигранти од Централноафриканската Република, Авганистан, Конго и Того.

Странците се предадени на надлежната Служба за враќање на странци. Уапсени се четири лица за кои се сомнева дека го организирале илегалното преминување.

Припадниците на жандармеријата во акциите организирани од 1 јануари до 17 февруари фатиле 521 непријавен мигрант и четири организатори на илегални преминувања на границата. Запленети се и 54 елеци за спасување, четири возила, чамец и мотор за чамец.

You may also like