Венецуелската потпретседателка пристигна во Москва: Се подготвува голем состанок

0
189

Потпретседателката на Венецуела Делси Родригез пристигна во официјална посета на Русија а во Москва беше примена од нејзиниот колега Сергеј Лавров, кој и пренел дека на претседателот на Венецуела Николас Мадуро, рускиот претседател Владимир Путин, му испраќа зборови на силна поддршка и солидарност. Имено, Путин денес нема да се сретне со Родригез.

Лавров ја потврди намерата на Русија да се спротивстави на желбата за мешање во внатрешните работи на Венецуела. “Ние сме со вас и многу тесно соработуваме и координираме сите наши активности на меѓународната сцена. Сега ова има посебно значење, во услови кога Венецуела е изложена на фронтален напад, бесрамно мешање во внатрешните работи. Ние категорично ќе се спротивставиме на овие напори. Ќе застанеме на идеалите, правилата и принципите на Повелбата на ОН “, изјавил Лавров. Тој, исто така, додал дека Русија ги поддржува чекорите кои Мадуро ги презема за да ги реши социо-економските прашања и е убеден дека на тоа ќе му помогне заседавањето на комисијата на високо ниво, која ќе се одржи во април.

Имено, голема официјална делегација од Венецуела ќе пристигне во Русија на почетокот на следниот месец, каде што на 4 и 5 април ќе се одржи седница на Руско-венецуелската меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Рускиот заменик премиер Жири Борисов ќе биде сопретседател на комисијата од руска страна.

Потпретседателката Делси Родригез изјави дека “Венецуела стана жртва на американската планирана агресија”. “Ова е вистинскиот момент да се најдат нови начини на соработка во однос на ситуацијата. Затоа предлагам нова агенда фокусирана на развојот на нашите односи “, изјавила заменик-претседателката на Венецуела во разговорот со рускиот шеф на дипломатијата.