Турското Министерство за Здравство ќе потпише протокол за намалување на солта и шеќерот во храната

0
312
AK Parti Genel Başkanı ve Başbakan Ahmet Davutoğlu, eşi Sare Davutoğlu ile Gaziantep'teki Elmacı Pazarı ve Bakırcılar Çarşısını gezdi. (Halil Sağırkaya - Anadolu Ajansı)

(Дубаи-Портал)Турското Министерство за Здравство, ќе потпише протокол со слаткарниците и рестораните за намалување на количините на шеќерот и солта во храната.

Формиравме “Совет за исхрана”. Научниот комитет на овој совет ќе го следи процесот со земање примероци од храната. Во наредниот период, од некои закуски, како што се сендвичи и колачи”, рече министерот за здравство, Фаретин Кока, за весникот Хуријет.

“Ќе се бројат калориите и грамите. Така, ние ќе можеме да ја продолжиме борбата против дебелината и во оваа смисла “, истакна тој, додавајќи дека секој трет човек во Турција е или е дебел или има прекумерна тежина.

“За жал, оваа бројка се зголемува и кај младите”, предупреди министерот.

Нутриционата мапа која го покажува нивото на тежината на граѓаните како и нивните хранливи недостатоци веќе е завршена, пренесува Кока.

Преку тестовите за крв, ќе бидат откриени дефицити на фолна киселина, железо и витамин Д, рече министерот.

“Ние ги тестиравме нивоата на витамините на 13.000 возрасни лица во сите 81 провинции во Турција. Преку овие тестирања можевме да ги видеме навиките во исхраната и во колкава мера се здрави тие навики”, рече тој.

Светската здравствена организација (СЗО) сугерира ограничување на количеството на сол на 5 до 6 грама, што одговара на речиси една кафена лажичка дневно по лице.

Во Турција, количината сол што просечното лице ја консумира за еден ден изнесува 15 грама. Оваа бројка е 9 грама во Велика Британија.К., 10 грама во САД и 13 грама во Кина.

Mahir Demişoski