Чавушоглу потсети дека Турција настојува да ја зајакне трговската соработка со сите земји во светот.
ЕСКИШЕХИР (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Ескишехир изјави дека неговата земја прави додатни напори за започнување на преговорите со Европската Унија за модернизација на договорот за Царинската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу потсети дека неговата земја настојува да ја зајакне трговската соработка со сите земји во светот.
„Денес и нема земја без турски производи“, изјави Чавушоглу.
Тој најави и скоро укинување на визниот режим меѓу Турција и Русија, потсетувајќи на претходно сторените чекори во врска со тоа.








