Цел на Турција за 2019 г. во туризмот се 50 милиони туристи и приходи од 50 милијарди долари

0
211
Туристичките работници се подготвуваат со голема претенциозност за новата туристичка сезона

Турција оваа година има за цел да дочека 50 милиони странски туристи и да заработи приходи во износ од 50 милијарди долари.

Професионалците на секторот пред почетокот на летната сезона во туризмот во оваа 2019 година се состанаа на една манифестација во туристичкото одморалиште Белек во градот Анталија.

Туристичките работници се подготвуваат со голема претенциозност за новата туристичка сезона.

Во светот патуваат 1,3 милијарди луѓе и тоа сочинува приходи во износ од околу 1,3 трилиони долари.

Турција која 2018 година ја заврши со рекорди, посакува да продолжи да соборува рекорди и оваа година.

Турција е земја со висок капацитет на легла и со мошне разновидна лепеза на туристички понуди.

Во последно време Турција располага со значаен дел во туризмот од аспект на пакет турите и Таа е најдобра во светот во оваа сфера.

Летната туристичка сезона ќе биде отворена на 15 април со одбележување на Неделата на туризмот.