Пакистанскиот премиер Имран Хан истакна дека ќе побара од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да преземе улога за намалување на тензијата со Индија.
(Дубаи-Портал)Пакистанскиот премиер Имран Хан на обединетата седница во Парламентот ги информираше пратениците и сенаторите по прашањето на присутната затгенатост со Индија.
Имран Хан истакна дека ќе побара од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да преземе улога за намалување на тензијата со Индија.
Тој рече: „Ќе бидеме во контакт со нашите пријатели и ќе побараме од нив да одиграт улога во намалувањето на тензијата. За тоа ќе го побарам и претседателот на Турција.“
Велејќи дека како показател за нивните мирољубиви намери утре ќе биде ослободен фатениот индиски пилот Абхинандан Вартхаман кој се наоѓа во притвор, пакистанскиот премиер истакна дека од синоќа се обидувал да оствари телефонски разговор со индискиот премиер Нарендра Моди.
Имран Хан рече: „Растечката затегнатост не е ниту во наша корист, ниту во корист на Индија. Поради погрешни пресметки беа уништени земји. Војната никако не е решение. Ако Индија фрли чекор ние ќе одговори на ист начин.“
Пакистанскиот премиер Имран Хан, во врска со 6’те погодени цели во Индија и соборувањето на двата индиски воени авиони ја изнесе констатацијата „единствената причина е да покажеме што би можеле да направиме и да ја покажеме нашата намера“, а воедно напомена дека се однесувале одговорно со тоа што притоа не биле причина за загуби во Индија.
Хан побара од меѓународната заедница да преземе улога во намалувањето на затегнатоста и рече: „Се надевам дека меѓународната јавност ќе одигра улога за да не дојде до уште повеќе зголемување на тензијата, од точката до која е дојдено.“
Последната затегнатост помеѓу Индија и Пакистан започна со реализираниот бомбашки напад на 14 февруари врз милициските сили на полициската служба во делот од областа Кашмир под контрола на Индија во кој загинаа 44 лица.
Властите во Њу Делхи во врска со овој напад го обвинија Пакистан. Пакистан пак го осуди нападот и го отфрли обвинувањето.
Индија на 26 февруари соопшти дека реализира воздушен напад врз цели на терористичката организација во контролната линија во Кашмир, на пакистанска страна.
Пакистан исто атака вчера утрото соопшти дека биле соборени два воени авиони на Индија кои го прекршиле неговиот воздушен простор.
Индија соопшти дека соборила еден воен авион на Пакистан, меѓутоа оваа вест не беше потврдена од страна на властите во Исламабад.
По изјавите од пакистанската влада и армијата околу тоа дека не сакаат да ја зголемат тензијата, оваа затегнатост го препушти своето место на претпазливо исчекување кај двете страни.
Од друга страна, Турција, Европската унија (ЕУ), Германија, Велика Британија, Кина и Русија ги советуваа страните да се однесуваат воздржано.
Mahir Demişoski










