Зариф: „Светот не се наоѓа на западната оска“

0
257

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, рече дека светот не се наоѓа на западната оска, а центрите на моќ на светот не се собираат околу САД и Европа.

АНКАРА (АА) – Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, изјави дека центрите на моќ во светот не се обликуваат во околината на САД и Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи на настан одржан на Универзитетот „Техеран“, Зариф нагласи: „Светот не се наоѓа на западната оска. Центрите на моќ на светот не се собираат околу САД и Европа. Светот е веќе променет, во денешно време основата на моќта се состои од наука, технологија, независност, вера и доверба во јавноста.“

Исто така, Зариф се осврна и на оружјето купено од страна на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати минатата година.

Тој, потсетувајќи дека минатата година Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати купиле оружје во вредност од 89 милијарди долари, нагласи: „Во нашиот регион продадоа оружје во вредност од 100 милијарди долари. Воениот буџет на Иран е многу мал, и покрај тоа, зошто се толку загрижени од Иран? Ние произведуваме за сопствената безбедност, не правиме трошок. И покрај тоа што нашата основа за меѓународна соработка е на ниско ниво, нашето научно производство е на многу високо ниво.“

Според Иранската студентска новинска агенција (İSNA), Зариф истакнал дека неговата земја се соочува со тежок процес, но дека благодарение на довербата што ја имаат кај народот, се надеваат на иднината.