Во соопштението од Министерството за надворешни работи се вели дека Малезија е загрижена поради тензиите меѓу двете земји. „Ги повикуваме страните на максимална сериозност, дијалог и преговори.“
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – Поради настанатите тензии меѓу Пакистан и Индија, Министерството за надворешни работи на Малезија ги повика двете земји на дијалог и преговори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за надворешни работи се вели дека Малезија е загрижена поради тензиите меѓу двете земји.
„Ги повикуваме страните на максимална сериозност, дијалог и преговори“, се вели во соопштението.
Во соопштението, исто така се потсетува дека Малезија има блиски односи со двете земји, и се додава: „Малезија, како и многу други земји, има за цел воспоставување мирен и стабилен меѓународен поредок.“
На граѓаните на Малезија им се советува да ги одложат патувањата во Пакистан и Индија.
– Тензии меѓу Пакистан и Индија
Последните тензии помеѓу Индија и Пакистан започнаа со бомбашкиот напад изведен на 14 февруари врз парамилициски конвој во делот на Кашмир, кој е под контрола на Индија, во кој животот го загубија 44 војници.
Администрацијата на Њу Делхи го обвини Пакистан за нападот. Пакистан го осуди нападот и го одби обвинувањето од Индија.
Индија на 26 февруари соопшти дека на Контролната линија на Кашмир спроведува спровела воздушен напад врз целите на терористичката организација во делот на Пакистан.
Пакистан соопшти дека урнал два борбени авиона на Индија, кои наводно го прекршиле неговиот воздушен простор. Исто така, пакистанските авиони влегоа во воздушниот простор на Индија.
Индија соопшти дека урнал пакистански борбен авион, но администрацијата на Исламабад тоа не го потврди.
По настаните Пакистан го затвори целиот воздушен простор, а во некои аеродроми ги запре летовите.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, ја повика Индија проблемите да ги решат со дијалог и да завладее здравиот разум.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во изјавата за настанатите тензии, предложи трезвеност и избегнување ескалација на тензиите. Слични повици упатија и Германија, Велика Британија, Кина и Русија.










