Барселона за историја: Прв тим со шест финалиња по ред во Купот

0
161

Барселона денеска славеше со 3-0 во реваншот против Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Куп на „Сантијаго бернабеу“ и така се запиша во историјата.

Каталонците беа убедливи на денешниот меч, откако Луиз Суарез постигна два гола, а еден автогол си постигна Рафаел Варан, па така Барселона го обезбеди шестото финале по ред во шпанскиот Куп.

Во претходните пет финалиња, Каталонците славеа дури четири пати, односно беа подобри двапати од Севилја, Алавес и Атлетик Билбао, додека во 2014 година загубија од Реал Мадрид со 1-2.