Мухамаду Бухари победи на претседателските избори во Нигерија

0
189

Бухари победи во 19 од вкупно 36 сојузни држави на Нигерија и ја задоволи уставната одредба со освоени минимално 25 отсто од гласовите во најмалку 34 држави и федералниот главен град Абуџа.

 Актуелниот претседател на Нигерија, Мухамаду Бухари, победи на претседателските избори во земјата кои беа одржани во саботата и се избори за втор мандат на функцијата шеф на африканската држава.

Врховната изборна комисија на Нигерија соопшти дека Бухари освоил 15.191.847 гласови, а дека неговиот опонент, мултимилијардерот и поранешен претседател на Нигерија, Атику Абубакар, освоил 11.262.978 гласови.

Бухари победи во 19 од вкупно 36 сојузни држави на Нигерија и ја задоволи уставната одредба со освоени минимално 25 отсто од гласовите во најмалку 34 држави и федералниот главен град Абуџа.

„Мухамаду Бухари освои најмногу гласови и ги задоволи сите законски одредби, па го прогласуваме за победник на претседателските избори“, изјави утринава шефот на Изборната комисија, Махмуд Јакубу.

Бухари ќе ја положи свечената заклетва на 29 мај 2019 година.

Опозицијата се жалеше на низа нерегуларности, но поголемиот дел од набљудувачките групи во извештајот наведоа дека изборниот процес бил претежно транспарентен и успешен и покрај насилствата во неколку земји во кои загинале над 16 лица.

Anadolu Agency