Турската полиција фати 7 барани терористи во Истанбул

0
175

„Меѓу уапсените се наоѓа и највисокиот оперативец на терористичката група ДХКП-Џ во Турција“, изјави Сојлу.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека турските безбедносни сили фатиле седум барани терористи, вклучувајќи и висок член на екстремно левичарската терористичка група ДХКП-Џ.

„Меѓу уапсените се наоѓа и највисокиот оперативец на терористичката група ДХКП-Џ во Турција“, изјави Сојлу.

ДХКП-Џ е одговорна за голем број терористички напади во Турција, вклучувајќи го нападот во 2013 година врз американската Амбасада во Анкара, во која загина турско лице вработено во обезбедувањето.

Групата се наоѓа на листа на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ.

„Во полициската рација, исто така се фатени и терористите именувани во зелената и сивата категорија на бараната листа на Министерството за внатрешни работи“, додаде Сојлу.

Anadolu Agency